НАСА пронајде седум нови планети – Во најмалку три од нив е можен живот
Американската вселенска агенција НАСА на прес конференција го претстави важното откритие во врска со планетите надвор од Сончевиот систем, таканаречените егзопланети.
Според зборовите на научниците во прашање се седум планети со големина на Земјата кои орбитираат во Трапист 1 ѕвездениот систем, користејќи Спајсер вселенски телескоп.
Барем три од овие седум планети претставуваат „свет грал“ за астрономите кои ловат планети, зошто температурите многу одговараат на нив и дозволуваат цветање на вонземски живот.
Трите од седумте откриени планети се наоѓаат во потенцијално насељивата зона и може на својата површина да имаат океани со вода, што ја зголемува можноста за настанок на живот во тој ѕвезден систем.
Дури и никогаш да не се пронајде живот во близина на Трапист -1, би можел таму да се развие.
Тоа би можело да биде најголема вест за потенцијалното населување на вонсоларните планети кои кружат околу други ѕвезди откако минатата година е објавено дека една таква постои во системот на нашиот најблизок стеларен сосед, Проксима Кентаури.