НАСА планира да набљудува и проучува астероид вреден повеќе од 10.000 квадрилиони долари, кој содржи доволно благороден метал што би можел да ги направи сите луѓе на Земјата милијардери, ако се подели еднакво.
Веќе некое време се зборува за мисијата. Првично требаше да биде лансирана во август оваа година, но беше одложувана поради потребата за преглед на софтверот, а постоеја и стравови дека проектот може целосно да биде откажан.
Независниот одбор за преглед сè уште го завршува својот извештај, но НАСА сега потврди дека мисијата на астероидот „Сајки 16“ ќе продолжи и планира период на лансирање кој ќе започне на 10 октомври 2023 година.
– Ја ценам напорната работа на независниот одбор за преглед. лекциите научени од овој астероид ќе бидат имплементирани низ целото наше портфолио на мисијата. Возбуден сум поради научните сознанија што астероидот ќе ги обезбеди – изјави Томас Зурбухен, соработник-администратор на Дирекцијата за научни мисии на НАСА во Вашингтон.
Ова ќе биде првото истражување во светот на металот наместо карпи и мраз. Леталото ќе пристигне до астероидот по четири години од неговото поаѓање.
Тим од Калифорнија претходно создаде нова температурна мапа за да ѝ помогне на НАСА да ги разбере површинските својства на астероидот. Вообичаено, инфрацрвените слики од вселенска карпа обезбедуваат само фрагмент од податоци еквивалентни на еден пиксел, но истражувачите би можеле да добијат резолуција од 50 пиксели.
– Наодите се чекор кон разрешување на мистеријата за потеклото на овој необичен објект, за кој некои мислеа дека е дел од јадрото на несреќна протопланета – изјавија тогаш истражувачите.
Тие откриле дека неговата површина била составена од најмалку 30 отсто метал, а други карпи на површината содржат метални зрна.
– Мислиме дека фрагменти од јадрата, слоевите и кората на овие објекти остануваат и денес во форма на астероиди. Ако тоа е вистина, ни ја дава нашата единствена вистинска можност директно да ги проучуваме јадрата на објекти слични на планетите – изјави Кетрин де Клер од Калтек, доцент по планетарна наука и астрономија.
Извор: indy100.com