ЗдравјеТоп

Направете тест со ладна вода дома и откријте дали имате здраво срце

Ако сакате да проверите колку вашето срце е здраво, во тоа би можело да ви помогне брз трик со ладна вода. Станува збор за тест кој едноставно можете да го направите дома.

Во сад со ладна вода ставете ги рацете половина минута, а откако ќе ги извадатите прстите би требало да станат црвени, бледи или синкави. Токму таа боја би требало да покаже дали вашето срце е здраво, пишува „Сан“. Во садот со вода додајте и малку мраз, а големината на садот нека биде толкава колку што ќе ви ги собере двете дланки. Потоа ставете ги дланките во водата и држете ги 30 секунди.

Можни се два резултати:

Прстите ви поцрвенеле

Тоа е добар знак, бидејќи црвените прсти покажуваат дека веројатно немате проблем со количината на кислород во крвта, како и дека срцето и крвотокот ви се здрави.

2. Прстите ви се бледи или дури синкави

Тоа открива потенцијални проблеми со циркулацијата на крвта во вашето тело и дека е можно количината на кислород во крвта да е ниска, пренесува „Кликс“. Во тој случај, по тестот згрејте ги прстите или масирајте ги за да ја подобрите циркулација и да им ја вратите нормалната боја.

Исто така, во овој случај не би било лошо да посетите лекар и да го прашате за совет.

Поврзани вести

Back to top button