Вчера во 22:25 часот, полициски службеници од полициската станица Бит Пазар го лишиле од слобода Т.С. поради тоа што физички ја нападнал соседката Ф.К.(75) и со тврд предмет и скршил прозорци од куќата. Тој бил приведен и задржан во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.