Избор на уредникотСвет
Напад со нож во француско училиште, убиен професор, напаѓачот извикувал „Алах Акбар“
Eдно лице e убиено, а две други тешко повредени во напад со нож во училиште во североисточниот град Арас. Локалната полиција соопшти дека маж вооружен со нож убил наставник и оставил уште две ранети во средно училиште во градот со речиси 41.000 жители во петокот наутро. Напаѓачот во меѓувреме е уапсен.
Инцидентот се случил во средното училиште Гамбета, кое се наоѓа во центарот на градот, а полицијата соопшти дека напаѓачот извикал „Алах Акбар“ – „Господ е голем“ на арапски, пренесува „Еуроњуз“.
Ниту еден средношколец не е повреден, но еден чувар и еден наставник се тешко ранети откако се здобиле со неколку убодни рани.
Студентите и персоналот биле заклучени во зградата како безбедносна мерка.