Бизнис

Намалување на цената на горивата после многу долго време

После подолг период за првпат има големо намалување на горивата во Македонија. Од ноќеска на полноќ поевтинуваат сите горива, соопшти Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕВУ).

Така, малопродажната цена на Еуродизел се намалува за 5 денари за литар, со што од ноќеска литар дизел гориво ќе се продава по цена од 79,5 денари. Исто толку ќе чини и моторниот бензин Еуросупер БС-98, чија цена се намалува за 4 денари за литар. Еуросупер БС-95 поевтинува за 3,5 денари за литар и од полноќ на бензинските станици низ Македонија ќе се продава за 77,5 денари за литар.

Намалување ќе има и кај Екстра лесното масло за 4,50 денари за литар и кај Мазутот М-1 НС за 2,115 денари за килограм.

Поевтинувањето на горивата се толкува со пад на референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар.

Поврзани вести

Back to top button