Живот

Најпотресна снимка од земјотресот: Куче не сака да се оддели од ковчегот на газдарицата

Сликата од кокер – шпаниелот Флеш како со часови лежи покрај ковчегот на својата сопственичка Андреа Коса (45) настрадана во земјотресот во Италија го обиколи светот.

Андреа е од Сардинија, но била на одмор во селото Пескара дел Тронта кога една зграда се урнала од синиот потрес и ја убила.

Ова место остана срамнето со земја, дел од паднатите ѕидови уништија автомобили, куќите се претворени во пепел, а личниот имот на жителите остана затрупана под урнатините.

Телото на несреќната Андра е префрлено во Помеција, каде живеела и каде во петокот е погребана.

Од нејзиното куче Флеш, велат нејзините пријатели, никогаш не се раздвојувала, а пред погребот со часови лежело покрај нејзиниот ковчег, гребејќи со шепите по него.

Снимката од трогателната глетка го обиколи светот, потсетувајќи ги сите на трагедијата која ја погоди Италија, но и за нераскинливата врска меѓу кучето и неговиот сопственик.

Поврзани вести

Back to top button