ЖивотИзбор на уредникот

Најмалиот компјутер на светот стана моќно смртоносно оружје

Еден од најмалите, потполно функционални компјутери на светот – Raspberry Pi, од своето појавување служи како основа за разни модификации и нови “направи сам” проекти.

Но, доколку ниту една досегашна негова модификација не била смртоносна, тогаш ова е првата.

Тим под името Мерт Ардуино, на сајтот Hackster.io објавил свој “направи сам” проект во кој Raspberry Pi послужил за изработка на автономен пиштол, опремен со детектор на движење.

Пиштолот користи Raspberry Pi 3 Model B+, Stepper Motor HAT (додаток за инсталација на мотори кои го придвижуваат), релеен модул и Raspberry Pi камера. Мерт Ардуино наведува дека на напредните “направи сам” Raspberry ентузијасти би им било потребно околу 4 часа за да го направат ова оружје.

Ова автоматско “митралеско гнездо” детектира движење и започнува да пука штом ќе ја воочи метата.

Мерт Ардуино не го поврзува Raspberry Pi со вистинско оружје, туку со ласерски покажувач за да ја демонстрира неговата функционалност без можност некој да биде повреден.

Сличен систем во кој е вградено вистинско автоматско оружје кој ги детектира движењата на сè што се движи пред него, користи Јужна Кореја на границата со својот северен сосед.

Поврзани вести

Back to top button