Македонија
Награда од 1.000 евра: Адвокатот Мишел Наумоски бара информација за лицата кои му го запалија автомобилот!
Мишел Наумоски, чиј автомобил изгоре во пожар пред два дена, денес преку Фејсбук објави дека ќе додели награда од 1000 евра за секоја информација која ќе доведе до откривање на сторителите.
Тој на Фејсбук напиша:
Почитувани,
Во интерес на откривање на можните сторители и нарачатели на кривично правниот настан ја нудам следнава НАГРАДА: 1.000,00 евра за секоја релевантна информација која ке ги открие извршителите или нарачателите на кривичното дело. Гарантирам дискреција на изворот на информацијата .