Свет

Над 65 отсто жени во Индија сопругот го виделе првпат на венчавката

Жените во голем број патријархални средини во Индија можат да се омажат само со договорен брак од страна на нивите родители со што немаат целосна контрола врз својот живот, се наведува во анализа на Индискиот центар за хуман развој.

Според истражувањето, само пет отсто жени во Индија „имаат среќа“ сами да го изберат партнерот  додека околу 80 отсто морале да побараат „благослов“ од родителите за да одат на лекар.

Од таа цифра, 80 проценти морале да побараал дозвола од сопругот.

Истражувањето го направиле Универзитетот од Мериленд и агенцијата за анализи од Њу Делхи – Национален совет за економски истражувања.

Анализите се правени во две фази – едната во 2005 година и другата во 2012 година за да се видат извесни промени, кои според истражувањето се речиси непостоечки кај жени на возраст од 15 до 81 година во најголем број држави во Индија.

Само пет отсто од жените во Индија имаат контрола врз изборот на сопруг. Шеесет и пет отсто испитанички нагласиле дека сопругот го сретнале првпат на венчавката.

Според истражувањето, моќта на индиските жени да изберат сопруг сами не е во корелација со писменоста. Во Њу Делхи, каде писменоста е на ниво од 86,21 отсто (на национално ниво – 74,04 отсто) само два отсто од жените навеле дека можат сами да изберат сопруг.

Поврзани вести

Back to top button