Македонија
Над 220 привремени вработувања во градинките стануваат трајни
Министерството за труд и социјална политика обезбеди согласност од Министерството за финансии за вработувања на неопределено време на 226 работни места во детските градинки, за трајно испразнети работни места, a кои тековно биле пополнувани со вработувања на определено време.
Како што соопштија од Министерството, дополнително е добиена согласност и за нови 260 вработувања на неопределно време и средства од Буџетот за 2018 година во износ од 70.000.000 денари.
Според анализите на МТСП, недостатокот на кадар во градинките е од околу 2.000 лица.