Избор на уредникотМакедонија
На скопјанка на кардиологија и вградиле стент, на интезивна и ја украле бурмата
Четириесет и осумгодишна скопјанка тврди дека откако ја оперирале на кардиологија во Скопје и додека била на интезивна нега и биле украдени прстен и бурма.
Од Министерството за внатрешни работи потврдуваат дека имаат пријава за настан кој се случил вчера.
– На 19.04.2023 во 12 часот и 45 минути во СВР Скопје А.О (48) од Скопје пријавила дека и бил одземен накит во една од клиниките во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде претходно ѝ била извршена операција.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од МВР.