ЖивотИзбор на уредникотФото

На скијање во Србија: Дестинација – Гоч, на падините кон Врњачка Бања

Интересните доживувања од семејните патувања остануваат како драгоцени сеќавања на вашите најмили и со години се прераскажуваат со ист жар. Покрај неколку големи скијачки центри, Србија може да ви понуди и помали, но подеднакво шармантни дестинации за зимски одмор со семејството – Гоч, Дивчибаре, Златар и Голија.

na-skijanje-vo-srbija-destinacija-goch-na-padinite-kon-vrnjacka-banja-01.jpg

фото: Goč, Turistička organizacija Kraljevo

Покрај сето она што го нудат зимските спортови, ќе уживате во природните убавини, културно-историските знаменитости и во надалеку познатата трпеза.

На планината Гоч од страната на Краљево има одморалиште за деца и млади и две ски-патеки со должина од 300m наменети за почетници.

na-skijanje-vo-srbija-destinacija-goch-na-padinite-kon-vrnjacka-banja-02.JPG

фото: Goč, Turistička organizacija Kraljevo

Поискусните скијачи можат да се испробаат во возење по патеката за рекреативци со должина од 1.400m. Ако повеќе сакате скијачко трчање, испробајте една од петте обележани патеки.

На падините кон Врњачка Бања, исто така, се наоѓаат две ски-патеки, идеални како за правење на првите чекори на снег, така и за ноќно скијање.

Во близина на Гоч се наоѓа Врњачка Бања, развиена туристичка дестинација со традиција од 152 години. Најголемото и најпознатото бањско лекувалиште во Србија традиционално е мошне привлечен туристички центар за одмор и рекреација.

na-skijanje-vo-srbija-destinacija-goch-na-padinite-kon-vrnjacka-banja-09.JPG

Vrnjačka banja,

Foto Milan Mitrović

Шетањето низ врњачките паркови до Мостот на љубовта, обиколката на Роднокрајниот музеј Белимарковиќ, на историскиот и културен центар на Врњачка Бања, со посета на гостувачката изложба и постојаната поставка посветена на историјата на бањата, е само почеток на запознавањето.

na-skijanje-vo-srbija-destinacija-goch-na-padinite-kon-vrnjacka-banja-03.JPG

Vrnjačka banja,

Foto Milan Mitrović

Шетањето продолжува кон изворот на Топла минерална вода и Јапонската градина, подарок од Јапонската влада. Со бавна прошетка низ паркот до изворот Снежник, Езерото, Слатина можете да ја посетите и галеријата со слики на локалните уметници.

TO Vrnjačka banja, Foto Milan Mitrović (4).JPG

Vrnjačka banja,

Foto Milan Mitrović

На Чајкиниот рид се наоѓа црква посветена на раѓањето на Пресвета Богородица.

Врњачка Бања располага со седум извори на минерална вода, со различен физички и хемиски состав што благотворно влијаат врз организмот и помагаат при лекувањето на многубројни заболувања.

na-skijanje-vo-srbija-destinacija-goch-na-padinite-kon-vrnjacka-banja-06.jpg Vrnjačka banja,

Foto Milan Mitrović

na-skijanje-vo-srbija-destinacija-goch-na-padinite-kon-vrnjacka-banja-05.JPG

Vrnjačka banja,

Foto Milan Mitrović

Голем број хотели, пансиони, вили, ресторани и кафулиња со одлична услуга, спортски терени, неколку отворени и затворени базени, трим-патека и врвни велнес-центри, ја прават целосна богатата туристичка понуда.

na-skijanje-vo-srbija-destinacija-goch-na-padinite-kon-vrnjacka-banja-08.JPG

Vrnjačka banja,

Foto Milan Mitrović

TO Vrnjačka banja, Foto Milan Mitrović (7).JPG

Vrnjačka banja,

Foto Milan Mitrović

izvor: crnobelo.com

Поврзани вести

Back to top button