Свет

На просторот на поранешна Југославија живеат 1,8 милиони луѓе помалку отколку во 1991

На просторот на поранешна Југославија, според актуелните статистички податоци, моментално живеат 1,8 милиони луѓе помалку отколку во 1991 година, покажува анализата на Anadolu Agency (AA).

Во поранешна Југославија во 1991 година живееле 23.542.815 жители, додека моментално во некогашните поранешни југословенски републики живеат околу 21,8 милиони луѓе.

Поточно, во поранешните југословенски републики (со исклучок на Косово) моментално живеат 19.921.197, се проценува дека во Косово моментално живеат околу 1,8 милиони луѓе.

Истовремено, според последните податоци од пописот во 2011 година, во Косово живеат 1.739.825 луѓе, без податоци од Лепосавиќ, Зубин Поток и Звеќан, општини кои се населени со Срби.

Највеќе жители споредени со статистичките податоци во однос на 1991 година недостасуваат на територијата на Србија 722.335.

Поточно на просторот на Србија и Војводина според пописот во 1991 година живееле 7.836.728 жители, додека сега, според проценките, на оваа територија живеат 7.114.393 жители.

И доколку се вклучи податокот дека според проценките на Косово моментално живеат 1,8 милиони луѓе тоа е за 150.000 жители помалку споредено со пописот од 1991 година. Тогаш на територијата на Косово живееле 1.954.747 жители.

Така, доколку се соберат податоците на територијата на Србија со Војводина и Косово, моментално на оваа територија живеат околу 880.000 жители помалку споредено со пописот во 1991 година.

Босна и Херцеговина моментално има 549.690 жители помалку во однос на пописот од 1991 година.

Тогаш во БИХ живееле 4.377.083 жители, додека според сегашните проценки живеат 3.827.343 жители.

Според пописот од 1991 година во Хрватска живееле 4.760.344 жители додека моментално на оваа територија живеат 4.224.316 жители.

Слобенија за разлика од останатите поранешни југословенски републики забележала раст на жителите и тоа за 100.268 жители.

Според пописот во 1991 година, на територијата на Словенија живееле 1.962.606 жители, додека според податоците од почетокот на оваа година 2.062.874 жители.

Благ раст на населението има и во Македонија и тоа за 35.208 жител.

Според податоците од пописот во 1991 година, на територијата на Македонија живееле 2.033.964 жители, додека според податоците од крајто на минатата година се проценува дека има 2.069.172 жители.

Симболичен раст на населението има и во Црна Гора и тоа за 6.832 жители.

Според пописот во 1991 година во Црна Гора живееле 615.267 жители, додека моментално таа бројка изнесува 622.099 жители.

Поврзани вести

Back to top button