Македонија

МВР за инцидентот во автобус: Се скарал за седиште, па го избодел другарот и себеси

Двајца малолетници се повредени до нож во синоќешниот инцидент во автобусот на ЈСП кај Стара Чешма во скопска Кисела Вода, потврди МВР. 

Оттаму утрово соопштија детали за тепачката. 

Откако по вербална расправија за место за седење малолетник од с.Моране извадил остар предмет да нападне малолетник од с.Студеничани, не успеал во намерата и повредил малолетен другар од с.Студеничани, а се повредил и самиот. По преземени мерки и активности од страна на полициските службеници обезбедени се сите учесници во настанот, двајцата малолетници со посекотини на рацете биле  пренесени во ГОБ „Наум Охридски“, велат од МВР. 

За случајот е известен Јавен обвинител и по документирање на случајот против сторителите ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Поврзани вести

Back to top button