Македонија

МВР со детали за нападот врз македонските деца: Едното дете прободено со нож во грбот, а на другото скината јакна во обид да биде прободено

Непозанти млади лица синоќа во Бутел со нож нападнале две малолетни деца, при што на едното дете на возраст од 13 години му е забоден нож во грбот, а на другото дете на слична возраст му е скината јакна од ножот во обид да биде прободено.

„На 06.12.2019 во Полициската станица Чаир, малолетник од Скопје пријавил дека околу 19:45 часот, на ул.„Александар Урдаревски“ бил физички нападнат од неколку малолетници, со остар предмет, при што се здобил со повреда. Тој бил префрлен во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“, а потоа е пуштен на домашно лекување. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, информираат од МВР.

Поврзани вести

Back to top button