Избор на уредникотМакедонија

МВР објави фотографија од лицето кое го вееше знамето на „голема Албанија“, бараат помош од граѓаните

Министерство за внатрешни работи објави фотографија и бара помош од граѓаните за пронаоѓање на лицето кое на градскиот плоштад Тетово вееше знаме „голема Албанија“. Од Министерството посочуваат дека со ова воедно „ги демантираме пласираните лажните вести дека сторителот на ова дело е припадник на МВР“.

– Во врска со кривично – правниот настан од 11.08.2023 на Градскиот плоштад во Тетово, за кој во изминатите денови беа пласирани и бројни дезинформации и шпекулации, МВР ја информира јавноста дека на фотографијата обезбедена од полициските служби е лицето што го вееше знамето со т.н. „голема Албанија“. Воедно, ги повикуваме сите граѓани доколку го забележат ова лице, имаат било какви сознанија за него или корисна информација која може да помогне во истрагата која СВР Тетово ја води во координација со Јавен обвинител, веднаш да известат во најблиската полициска станица или да пријават на телефонските броеви 192 или 112, се наведува во соопштението на МВР.

Поврзани вести

Back to top button