Избор на уредникотМакедонија
МВР: Лажни наградни игри на социјалните мрежи, граѓаните да не наседнуваат
На социјалната мрежа Фејсбук забележани се групи кои претставувајќи се како официјални групи на правни субјекти и државни институции во нашата земја организираат разни наградни игри и ги доведуваат во заблуда граѓаните.
-Од граѓаните бараат да ги споделат нивните лични податоци и документи (лична карта, пасош) како и нивните податоци од платежни картички, а со единствена цел искористување на нивните лични податоци за понатамошни криминални активности. Апелираме до граѓаните да не наседнуваат на измами од ваков тип и да не ги споделуваат нивните лични податоци, а МВР презема активности во склоп на своите надлежности, информираат од МВР.