Живот

Му експлодирала електронска цигара – добил тешки повреди и ги изгубил забите

Еден 20 годишен млад дечко од Колн е тешко повреден откако му експлодирала е-циагра. Тој се здобил со изгореници и изгубил неколку заби, извести полицијата минатиот четврток.

el

Дечкото пред експлозијата купил нови заменски делови за цигарата меѓу кои била и новата батерија. Штом го повлекол димот, цигарата експлодирала. Сето тоа се случило минатата сабота, пишува “OE24”.

Случаите за експлозија на е-цигарите се познати од претходно во САД. Слични повреди претрпе и мажот од Флорида пред четири години. Тогаш експлозијата ја предизвика батеријата која предизвикала и пожар во куќата на жртвата. Слично нешто се случи и во Канада. Таму цигарата експлодирала и тешко повредила маж, кој ги документираше повредите на Твитер.

На Крис Томас (37) од Велс, електричната цигара му експлодирала во автомобилот. Тој ја оставил да се полни во текот на ноќта. Таа експлодирала како петарда и завршила на задното седиште од неговиот автомобил. Од компанијата известија дека течноста во цигарата не е запаллива, но дека веројатно ја полнел со погрешен полнач.

kris

Производителите тврдат дека се здрави и дека го поништуваат влијанието на никотинот, но експертите тврдат дека е-цигарите можат да направат многу штета. Функционираат со помош на батерија која ја загрева течноста збогатена со никотин, па потоа се дише пареата збогатена со никотин.

Димот кој се издишува всушност е пареа, која се губи во воздухот и не е штетна за околината ни за самиот “пушач”, тврдат производителите. Така се создава чувство на пушење на вистинска цигара, но без штетното влијание. За да се создаде пареата, се додава пропилен гликол, кој сочинува и до 90% од самата содржина.

“Токму тоа може да предизвика акутна иритација на респираторниот систем”, тврди д-р Елизабет Пот, директорка на Федералниот центар за здравствено образование во германскиот град Колн.

Е-цигарите се забранети во Канада, Австралија и некои американски земји. Неодана беше забранета и нивната употреба во градските канцеларии и превозните средства во германскиот Хановер. Е-цигарите се рекламираат како цигари кои се пушат и во непушачките оддели, но очигледно дека на многумина сепак не им е прифатлива таа идеја.

Поврзани вести

Back to top button