Здравје

Мора да го прочитате ова aко имате меѓу 18 и 44 години

Јајниците обично се двојно поголеми од нормалните, со напната сивобела површина под која во кората се наоѓаат цистички со величина од 5 до 15 мм. Се проценува дека 5 до 10% од жените во плодниот период заболуваат од оваа болест.

Синдомот полицистични јајници е најчеста хормонска болест кај жените и најчеста причина за изостанок на овулација. Називот доаѓа од изгледот на јајниците на кои се наоѓаат бројни цисти.

Освен тоа, јајниците се двојно поголеми од нормалните, со напната сивобела површина под која во кората се наоѓаат цистички со величина од 5 до 15 мм. Се проценува дека 5 до 10% од жените во плодниот период заболуваат од оваа болест.

Како се поставува дијагнозата за синдром на полицистични јајници?

Дијагнозата се поставува со комбинација од клинички, ултразвучни и лабораториски наоди на хормоните.

Клиничките наоди опфаќаат информации за симптомите на жената, нејзините рани и семејни болести, како и со преглед.

Сепак, за поставување на сигурна дијагноза најсигурен е ултразвучниот преглед.

Со трансвагиналниот ултразвук (ултразвучен преглед со сонда) со сигурност може да измери и анализираат деталите во јајникот.

Кои се симптомите на полицистични јајници?

Симптоми кои може да укажуваат на полицистични јајници се:

Намален број на менструални циклуси или нивен изостанок

Таложење на масно ткиво во пределот на стомакот (т.н. машки тип на дебелина)

Зголемена влакнатост

Акни

Опаѓање на косата

Масна кожа

Дебелина

Дали полицистичните јајници спречуваат зачнување?

Поедини жени кои имаат полицистични јајници може да имаат намалена можност за забременување, додека кај други тоа не претставува никаков проблем.

Меѓутоа, доколку поради ова заболување имате проблем со плодноста, успешно можете да дојдете до саканото потомство со вештачко оплодување.

Кои се ризиците од полицистичните јајници?

Ако имате полицистични јајници треба редовно да одите на гинеколошки и други лекарски прегледи, бидејќи ова заболување е во врска со низа ризици, како што се:

Спонтаните пометнувања се два до трипати почести.
Болестите на срце и крвните садови се 7 пати почести
Ризикот од заболување од шеќерна болест е 16% поголем.
Зголемен крвен притисок – се јавува кај 40% од пациентките.
Поголем е ризикот за добивање на тумор на матка.
Подоцнежна менопауза
Различни крвавења од матката
Пореметување на нивото на мсти во крвта
Анемија

Како се лекуваат полицистичните јајници?

Пристапите за лекување на полицистични јајници се различни бидејќи се разликуваат и симптомите од жена до жена. Сепак, доколку имате полицистични јајници и сакате да забремените, најглавно е да ја намалите телесната тежина.

Докажано е дека намалување на телесната маса од 5% може да доведе до нормализирање на менструалниот циклус и повторно воспоставување на овулација, со што се зголемува плодноста.

Покрај тоа треба да ја зголемите физичката активност, да престанете со пушење и пиење алкохол.

Полицистичните јајници може да се лекуваат со одредени лекови, кои во зависност од клиничката слика ги препорачува вашиот гинеколог.

Исто така, полицистичните јајници може да се лекуваат и со хируршка интервенција, т.е. отстранување на дел или на целиот јајник.

Постои и постапка – електрокаутеризација на јајниците каде со електрода се спалува ткивото на јајникот.

 

Поврзани вести

Back to top button