Свет

Монструми: Австралијци минатото лето силувале малолетничка, сега уживаат на слобода

Тројца млади Австралијци кои биле осудени поради силување на малолетна Норвежанка минатиот јули во сплитски ноќен клуб, се вратиле 3. февруари во својата земја. Трите момчиња по страшното злосторство се на слобода, само благодарение на своите пари, пишуваат хрватските медиуми.

monstrum

Тие минале краток период во истражниот затвор, а поради можноста од бегство привремено им биле одземени пасошите, па од јули биле принудени да останат во Сплит.

Откако на суд се спогодиле и платиле оштета од 31.594 долари, а не било одржано ни судење, пасошите им биле вратени, и тие се вратиле во Мелбурн.

Тројцата Австралијци биле осудени на 1-годишни условни затворски казни, и во наредните 5 години не смеат да извршат било какво казнено дело, поточно имаат обврска да се однесуваат во склад со законот. Наредните пет години тројцата не смеат да извршат дело од истиот вид кое е казниво во Европа, но таа санкција изгледа дека не важи во Австралија.

monstrumi

Неколку дена по враќањето во Мелбурн, Доган, едно од момчињата, на социјалните мрежи го најавил своето доаѓање. Тој покрај фотографијата која ја објавил напишал дека доживеал просветлување додека седел на камениот ѕид во Дубровник, а нежен глас му кажал дека “целта во неговиот живот е во кревет да одведе некоја убавица”.

Момчињата, кои биле ослободени, би можеле да се соочат со казна затвор од 15 години. Три примерока на семена течност биле пронајдени на облеката на жртвата, а два се поклопувале со примероците на обвинетите момчиња, кои тврделе дека имале секс по согласност од девојката. Третиот, негирал било каков контакт со неа.

Потсетуваме, 23-годишниот Дилан Доган, 23-годишниот Ашвин Кумар, и 21-годишнито Валид Латиф, со девојката одредено време се дружеле и пиеле во кафуле, а потоа ја одвеле во тоалет.

Таму ја држеле за рака и за глава и ја силувале. Младата девојка во еден момент успеала да побегне, па наскоро се вратила во клубот со полиција, а извршителите повеќе не биле таму. Полицијата набрзо ги пронашла и уапсила.

Обезбедувањето на кубот, ниту персоналот, не пријавиле никаков инцидент таа вечер.

Сања Сарнавка, борец за правата на жените во Хрватска, рекла дека обвинителот не требало да дозволи плаќање на оштета во овој случај.

“Доколку можат тоа да си го дозволат, оние кои се обвинети ќе платат најдобри адвокати, оштета и или ќе бидат ослободени, или соочени со минимална казна”, истакнала Сарнавка за локалните медиуми.

Но, таа го брани правото на нападнатата девојка да ги прифати парите за да избегне ново преживување на траума, што би можело да биде предизвикано од евентуално судење.

Поврзани вести

Back to top button