Свет

Монструм, десетгодишно дете се обидело да спречи маж да ја силува сестра му, тој го фрлил од карпа

Маж од Велика Британија фрлил 10-годишно дете од карпа долга 30 метри, откако детето се обидело да го спречи да ја силува неговата малолетна сестра, соопшти судот, а пренесуваат британските медиуми. Ентони Стоукс (54) е обвинет дека го фрлил момчето од карпа пред шокирани сведоци кога момчето се обидело да „интервенира“ откако неговата сестра му кажала за наводното злоставување.

Сведоците опишаа дека слушнале „морничав крик“ и виделе како паѓа од карпа“ пред детето да удри во земја, беше кажано на Оксфордскиот суд. Момчето преживеало, но се здобило со сериозни повреди и морало да биде однесено во болница.

Стоукс во понеделникот се појави пред судот обвинет за сексуален напад и силување на девојка помлада од 13 години, како и обид за убиство и суровост кон момче. Тој ги отфрли сите обвиненија.

Паднал на бетон од висина од 30 метри

Обвинителката Зои Џонсон пред судот изјави дека Стоукс ја принудил девојката на секс, знаејќи дека тоа е погрешно.

„Момчето се обидело да интервенира. Обвинетиот потоа го однел до карпата и го фрлил од неа. Момчето паднало од висина од 30 метри на бетонот подолу. За среќа, тој не е убиен, но бил тешко повреден и со хеликоптер бил префрлен во болница во Лондон. Најпрво се веруваше дека доживеал несреќа, но истрагата откри помрачна вистина“, додаде таа.

Според обвинителот, обвинетиот го турнал од карпа со намера да го убие. Судењето продолжува.

Поврзани вести

Back to top button