Младоженец искршил изнајмено „Ферари“ од 300.000 евра
Младоженецот Усман Али (25) од Англија, кој во саботата стапил во брак со саканата девојка Сакина Парвен, само ден подоцна возејќи се со избраничката на своето срце успеал да уништи бело „ферари 458 спајдер“ вредно повеќе од 300.000 евра.
Автомобилот го забил во куќата на својот пријател во британското место Брнлеј. Имено, Усман во неделата тргнал да го продолжи славењето кај пријателот, меѓутоа, само што се приближил до неговата куќа, ногата му се лизнала, па наместо на сопирачката, застанала на гасот што предизвикало губиток на контролата, а на крајот и сообраќајна несреќа.
За среќа, ниту младоженецот ниту невестата не се здобиле со потешки телесни повреди.
Младоженецот Усман Али го изнајмил автомобилот во рент-а-кар за околу 6.000 евра, а сега е задолжен да плати дополнителни 25.000 евра за трошоците на осигурувањето. Усман не е богат, а парите ги заработува во авто-работилницата на татко му.