МакедонијаТоп

Младиот активист Муамеди го кажа она за кое активистите и функционерите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ и останатите вазал партии не смеат да писнат пред ДУИ: Земаш плата од Македонија, а во канцеларија носиш знаме од Албанија, САД, Турција, Србија

Над 20 години сме сведоци како лидерите и клучните луѓе на македонските партии, без исклучок во интерес на лично богатење и привилегии се спремни на секакви отстапки на штета на државата. Епилогот е од сето тоа е јасен, тие за еден мандат стануваат милионери, а Македонија се претвора држава импровизација. Она што зачудува е како партиското членство слепо извршува секоја партиска заповед колку и да е таа штетна по националните интереси.

Младиот правник, магистер по финансово право, Умејр Муамеди по се изгледа е многу поразличен од партиските полтрони. Тој револтиран од однесувањето и постапките на политичарите реагира преку својот фејсбук профил. Според него недолично е да си функционер во Македонија, да ги уживаш сите привелегии а во исто време да вееш знаме на туѓа држава.

„Не ми е јасно како се дозволува во институција на Република Македонија да се истакнуваат знамиња на други држави. Земаш плата од оваа држава (плус патувања, кола службена ако си на повисока функција) а во канцеларија носиш знаме од Албанија, САД, Турција, Србија… Зошто тогаш не одите во тие земји да бидете директори, министри, градоначалници…? Приватно можеш да се чувствуваш како сакаш но држава инационалност се два различни поими. Немам почит за ниту еден министер, директор, градоначалник…кој дозволува во инстутицијата со која раководи да се истакнуваат знамиња различни од државното знаме“, реагира Муамеди.

Муамеди поради овој став доби закани по живот и побара од МВР заканувачот итно да биде приведен.

„Некој си Bekim Berisha напишл дека поради моите лични ставови јас треба да бидам уништен. Барам од Министерство за внатрешни работи / Мinistria e Punëve të Brendshme и Oliver Spasovski/ истиот итно да биде приведен. Бидејки последиците можат да бидат поголеми и не се знае кој кого може да го уништи, напиша Муамеди на фејсбук.

Поврзани вести

Back to top button