Uncategorized

Млада жена е тепана и пријавила, МВР со детали за тепачката на базенот во Штип (ВИДЕО)

Министерството за внатрешни работи објави детали за масовната тепачка на градскиот базен во Штип. На снимките објавени на социјалните мрежи, се гледа како мажи и жени се тепаат.

– На 17.7.2023, во 16.10 часот, во Полициската станица Штип, Е. Н. (25) од с. Бучим, Радовишко, пријавила дека околу 15.30 часот на градскиот базен во Штип била физички нападната од неколку лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.

Пресметката се случила вчера во текот на попладневните часови, а од снимката што е објавена се гледа како на еден ќош се тепаат три жени, а од другата страна двајца мажи.

 

Поврзани вести

Back to top button