Избор на уредникотМакедонија

МКД.мк: Кој и зошто го крие инцидентот во Рашче? Која е улогата на министерот Нухиу?

Три дена полицијата „презема мерки и активности за целосно расчистување на случајот“ и не дава никакви подетални информации за саботниот инцидент во скопското село Рашче. Неофицијално, на семејна веселба во Рашче, на која присуствувале високи функционери на ДУИ, од огнено оружје биле ранети две лица. Во билтените на МВР досега немаше ни збор за ова, а на нашите прашања од МВР одговараат само дека „имаат оперативни сознанија и преземаат мерки и активности“, пишува МКД.МК.

Вообичаено е информациите за случена сообраќајна несреќа, за пукање од огнено оружје, за приведени лица со „прашкаста материја“… до медиумите да одат без никаков проблем од увидната екипа до Одделот за односи со јавност и стратегиски прашања.

Овојпат тој пат бил прекинат. Во претпладневниот и попладневниот неделен билтен на МВР од дневните настани немаше ни збор за настанот во Рашче. Немаше ништо ни вчера, ниту пак денеска.

Што друго може да се претпостави освен дека министерот за внатрешни работи Агим Нухиу, инаку член на ДУИ, едноставно наредил да се прекине синџирот на информирање на јавноста за овој настан, во кој неофицијално, биле замешани негови сопартијци и колеги.

ПОВЕЌЕ НА МКД.МК

Поврзани вести

Back to top button