Мицкоски: Обезбедивме набавка на евтин гас и мазут
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ обезбедила индицирани понуди за набавка на 200.000 тони мазут за ТЕЦ Неготино и 250 милиони кубни метри гас за гасната централа ТЕ-ТО, со кои значително ќе се ублажи енергетската криза во Македонија и ќе се заштедат најмалку 300 милиони евра. Ова на брифинг со новинарите денеска го соопшти претседателот на партијата, Христијан Мицкоски, повикувајќи ги Владата и бизнис заедницата да ги искористат ресурсите што се на располагање и да реагираат брзо, уште оваа недела.
„Во текот на вчерашниот ден лично на јавноста и го претставив планот како да обезбедиме дополнителни количини на електрична енергија и топлина за граѓаните и за индиустријата, а со тоа да обезбедиме и конкурентно работење на индустријата без да има затворање на претпријатијата, без да има отпуштање на работниците“, вели Христијан Мицкоски.
Мицкоски го повика премиерот Ковачевски да одбере медиум за телевизиско соочување во врска со предлогот на опозицијата партија за надминување на енергетската и топлинска криза.
„За да нема дилеми, за да нема недоречености да го повикам првиот човек на Владата, Димитар Ковачевски, јавно заедно двајцата да избере медиум, ден и време кога ќе зборуваме пред македонската јавност за тоа што нудам јас, што нуди опозицијата и ВМРО-ДПМНЕ, а што нуди Владата“, додаде Христијан Мицкоски.