Живот

Мистерија: Починала на рацете на својата мајка, а потоа оживеала

Девојче старо година и пол, починала на рацете на својата мајка, откако ја удрил автомобил пред семејната куќа. Нејзината мајка тврди дека тоа биле најлоши моменти во нејзиниот живот.

Милена Фајт не покажувала знаци на живот дури четири минути.

Но, се случило чудо, докторите успеале да ја вратат во живот.

Ова е исповед на нејзината мајка која по трагедијата многу повеќе го цели секој момент поминат со своите деца.

„Се викам Ники, имам четири деца. Беше тоа 23 јуни 2013 година. Убавото неделно поладне се претвори во најлоша ноќна мора. Тој ден нема да го заборавам додека сум жива. Мислев дека Фејт си игра во дневната соба и се скаменив кога видов дека ја нема. Трчав низ куќата пробувајќи да ја најдам, кога погледнав низ прозор, таа лежеше на под.

Ја удрил автомобил. Почина во моите раце. Беше тоа најлош момент во мојот живот. Лежеше безживотно, беспомошно, а мене ми се кршеше срцето. Знаци на живот не даваше 4 минути. Таксистот кој ја удри брзо не однесе до болница. Докторите со некое чудо успеаа да ја вратат во живот. Ја ставија на апарати за одржување во живот и ја споија на трансфузија. Ја спасија. Имаше оштетена јетра и неколку скршени коски. Кога по неколку дена ги отвори очите и ми се насмеа, знаев дека се ќе биде во ред. По излегувањето од болница не можеше да оди како што треба, ниту да ја држи главата исправно, а имаше и проблеми со голтањето на храната. Терапии имаше со години, Фејт повторно почна да учи да оди. Таа е прав херој.

Денес повторно е среќно и весело девојче, кое наскоро ќе тргне во школо. И денес поради се мислам дека згрешив како родител, дека сум ја разочарала затоа што не внимавав подобро на неа. Не знам како успеала да ја отвори влезната врата и да излезе од куќата тој ден, затоа што секогаш беше мирна и тивка“, раскажа Ники.

Поврзани вести

Back to top button