Мистерии

Мистериите на човековото тело

Структурата и функционирањето на човековиот организам се мошне непредвидливи, пишува „Вечерње новости“. 

Некои појави се толку невообичаени, што за нив надвор од научните кругови речиси и да не се зборува. Следуваат некои од нив:

– Детето кога ќе се роди има повеќе коски од возрасните, се раѓа со 300 коски, но за време на растот и развојот некои се спојуваат и формираат силни и големи коски, поради што во зрелоста остануваат вкупно 206.

– Во организмот на човекот секоја минута умираат 300.000 клетки, иако звучи шокантно тоа е помалку од 0,0001 отсто од вкупната количина клетки, кои секојдневно се надоместуваат во човековото тело.

– Човекот може да живее и без слезина, еден бубрег, едно белодробно крило, 75 проценти од црниот дроб, 80 проценти од цревата, иако овие органи се витални.

– Косата е неуништлива, освен ако се запали. Иако изгледа кревко, не може да ја уништат студеното време, промена на климата и вода, а отпорна е и на многу киселини и корозивни хемикалии.

– Човекот може да преживее без храна но не и без спиење. Само на вода, без храна може да издржи и до два месеци, но само неколку бесони ноќи предизвикуваат последици. Иако рекордот без спиење изнесува 264 часа, кај повеќето доаѓа до радикални промени на личноста.

– Синдромот на „туѓа рака“, која станува непослушна, во литературата  е позната како „Alien hand syndrome“, е особено интересен. Се работи за несекојдневен невролошки синдром, каде раката се однесува како да има сопствен мозок. Ваквото однесување е последица на оштетување на средната фронтална моторна регија на мозокот, а може да се јави и како последица од операција на мозокот, мозочен удар или воспаление на мозокот. Лицата немаат никаква контрола врз „туѓата рака“ и не се свесни за нејзините постапки.

Поврзани вести

Back to top button