Милошоски: Имаме колега пратеник кој силувал жена, очекувам сам да се пријави
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, денека на собаниската говорница кажа дека дава целосна поддршка за Законот за спречување и заштита од насилство врз жените.
Тој изнесе фрапантен податок дека во актуелниот собраниски состав има пратеник кој во минатото бил казнет за силување на жена. Милошоски не го откри идентитетот на пратеникот, ниту од која партија е тој. На ова потпретседателот на Собранието Горан Мисовски рече дека немаат информација дека пратеник имал извршено такво кривично дело.
– Имаме колега пратеник кој извршил силување врз жена. Одлежал казна ама сепак сега врши висока функција. Барам предлогот да не може да извршува висока функција како градоначалник, пратеник, министер да се вметне во законите за избор на градоначалници, пратеници и за избор на влада, човек кој извршил родово базирано насилство врз жена – рече Милошоски.
Милошоски рече дека идентитот на патеникот нема да го открие, бидејќи не сака да буде лоши спомени кај жртвта.