Живот

Милионер оженил проститука, а таа го уништила

Австрискиот милионер кој се оженил со проститутка после само двочасовно дружење сега останал без пари откако сопругата го напуштила кога имал сообраќајна несреќа.

Некогаш богатиот бизнисмен Клаус Швајкерт (57) вели дека Луција (27) најнапред почнала се поретко да доаѓа во болничка посета, за да на крајот го напушти,откако по лекувањето се вратил дома.

Да се потсетиме, несреќата се случила по неполни месец дена од венчавката и само две недели пред заминувањето на младенците на меден месец. Швајкерт бил префрлен во болница во Санкт  Пелтен каде лекарите констатирале фрактури на ребрата и повреда на кичмата поради што стравувал дека ќе остане парализиран.

Имал три операции, но после повеќемесечното лекување и рехабилитација заздравел. Жената, меѓутоа, во меѓувреме го оставила.

Таа сега наводно има ново момче, а од куќата на Клаус го зела скапоцениот накит, потполно новото Ауди А8 и уште скапоцени работи.

Ситуацијата е сега прилично далеку од добра, изјавил еден од пријателите на Клаус за локалните весници.

Како што тој вели, сите вложувањата на Клаус пропаднале, а тој почнал да пие!

Поврзани вести

Back to top button