МакедонијаТоп

Мицкоски: Кој ќе се покаже со својата работа ќе остане, но тие што нема да ги исполнат очекувањата на граѓаните ќе ги поздравам и ќе им се заблагодарам

Примерот за промени мора да го дадеме ние. Најавувам дека веднаш по редовиот конгрес на крајот на годинава, најдоцна на почеток на наредната ќе има големи промени во партијата и во Владата, најави денеска премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

– Кој ќе се покаже со својата работа ќе остане, но тие што нема да ги исполнат очекувањата на граѓаните ќе ги поздравам и ќе им се заблагодарам. Го кажувам уште сега, за да се знае и да испратам порака дека единственото нешто што вреди, единственото најголемо нешто што човек може да го остави зад себе е образот и честа. И ќе дадам се тоа да остане најчистиот дел од нашата работа. Тоа сите заедно му го должиме на народот. Немаме време за губење и немаме простор да создаваме нови разочарувања кај луѓето кои веќе со децении наназад се изгорени од разни неискрени и корумпирани политичари, рече Мицкоски, во обраќање на годишната конференција на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје.

Ќе ја санкционира, како што рече, секоја забеганост и ќе ги разреши сите оние кои “ќе не посрамотат како структура и како луѓе“, примерот за промени мора да го дадеме ние, и од секој од нас зависи како и со каков интензитет ќе се случуваат промените.

Мицкоски најави и сериозни мерки во делот на цените и стандардот, како и поддршка на стопанството.

Порача и да не се злопотребува трагедијата во Кочани и најави редовни состаноци со роднините на настраданите.

– Сакам да предупредам дека многу нечовечки безобразно и некрофилски се злоупотребува огромната трагедија во Кочани. Тоа можев и да го чујам од роднините на настраданите кои минатата недела ги видов во владата. Со огромна почит кон тие луѓе и отворен разговор, споределувајќи ја заедничката болка заради трагедијата која се случи дискутиравме за повеќе аспекти и за она кое е во надлежност на владата и можности да се помогне во расчистување на случајот и да се помогне на семејствата во справување со тагата и предизвиците на животот во една ваква ситуација. Оваа трагедија не смее да се злоупотребува, и сите кои имаат своја вина која придонела да се случи ваква трагедија мора да одговараат, и системот мора да се менува и да има правда, и во тоа заеднички сме одлучни и ние сме подготвени заеднички да продолжиме да работиме и да комуницираме и да помагаме за се поврзано со нив. Нашата обврска и одговорност како влада е токму тоа да бидеме рамо до рамо со нашите сограѓани кога тоа им е најмогу потребно. Тоа беше исклучително тешка средба за мене, разговарајќи со нив, душата ми плачеше, а стисокот на нивната рака ми е потпора и на мене во нашата заедничка борба за доброто на оваа наша заедничка татковин, рече Мицкоски.

Најави дека ќе има редовни состаноци со родителите на настраданите, како што рече, со сите кои сакаат да дојдат, а оние кои од оправдани причини не сакаат ќе појдам јас кај нив“.

– Периодов и јас и Владата стоиме на располагање се што е потребно да направиме и да не дозволиме оние политички глодари и некрофили да ја злоупотребуваат политички оваа трагедија. Сте сме Кочани и сите треба да направиме нешто за Кочани, рече Мицкоски.

Се осврна и на стратешкиот договор со Велика Британија за пријателство, економски раст и соработка во повеќе области, повторувајќи дека градење мигрантски кампови „ниту му паднало на памет ниту било побарано“, а тоа јасно го кажал и британскиот амбасадор во државава.

– Овој договор е мојот нов договор за Македонија по примерот на оној кој го обзнани американскиот претседател Рузвел и кој епознат во историјата. Овој договор значи отворање на работни места, равој, напредок, многу нови инфраструктурни проекти, многу големи гигантски проекти какви што досега немало, инвестиции во железници преку брзи лини, автопати и патишта, болници, образование и други сектори. Ова е договор кој на Македонија ќе и донесе пари за да работи и инвестира во својот напредок во вредност од 6 милијарди евра!, порача Мицкоски.

Поврзани вести

Back to top button
Globus 2