МЕСТЕНКА: Турски таен агент ја играше улогата на „самоубиец“ кој што го спаси Ердоган (ВИДЕО)
Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган фатен е во една компромитирачка местенка, за тоа како спасил човек кој што сакал да се „самоубие“.
Најпрво турските па потоа и светските медиуми ја пренесоа веста за тоа како Ердоган на чудесен начин успеал да спаси човек кој што сакал да скокне од мост.
На видеото кое што беше претходно објавено се гледа како шефицата на протоколот му приоѓа на „самоубиецот“ и му пренесува дека Ердоган сака да позборува со него и го носи до автомобилот на шефот на државата.
Разговорот меѓу двајцата трае само минута, а потоа некој Ердоган го бара на телефон. На крајот потенцијалниот „самоубиец“ од благодарност му ја бакнува раката.
Наводно момчето сакало да се самоубие поради „семејни проблеми“, а Ердоган го решил тоа.
Но потоа се разоткри и се дозна дека „самоубиецот“ бил таен аген и висок соработник на турскиот претседател, исто така се дозна дека и новинарите не се нашле случајно на мостот…