Меџити најавува крај на економските директори на болниците, земаат 1.800 евра плата а од нив никаква корист
Економските директори кои Министерот кои се покажаа како крајно неефикасна и непотребан реформа ќе се укинуваат. Министерот за здравство Фатмир Меџити очекува од јануари наредната година да функционира еден клинички центар, најверојатно со еден генерален директор, со што би се укинале организациските директори на одделните клиники.
– Од првиот ден работам напорно за овој проблем и тој проблем ми е најгорливата мака што сакам да го решам како кабинет, како Министерство да го решиме, еднаш засекогаш да се постават работите како што треба на Клинички и да функционира многу полесно, поадекватно и поефективно да биде. Информацијата е готова, во договор со ФЗОМ, значи почетокот на годината после новата година и сите пресметки се прават, тогаш и најверојатно се очекува. Значи од 1 јануари 2024 да почне да функционира еден клинички центар со генерален директор или како ќе бидат модалитетите за тоа ќе се договориме – одговори министерот на новинарско прашање, по презентацијата на дигиталната платформа „Мое здравје“.
На новинарско прашање дали тоа значи дека ќе се укинат организациските, или познати и како економски директори, тој одговори потврдно.
– Тоа се организациски директори. Да, едвај чекам тоа да се случи. Нема да имаме загубари како заедничките служби од 20 милиони евра, а кои не знаат што работат. Тогаш ќе се знае точно што е се работи, ќе се штеди и ќе има поголема соработка меѓу клиниките. Не откривам топла вода, но тоа го имало и било добра работа. Политички притисоци не ме интересираат. ЕУ го бара ова како скрининг и мора ова да се направи, здравството да функционира – рече Меџити.
Тој истакна дека целта е пациентите да добиваат подобра здравствена услуга, а и здравствените работници да функционираат полесно. Министерот смета дека тогаш ќе се набавуваат работите количествено и со поевтина цена и ќе има подобра соработка меѓу клиниките.
– Ако се стремиме на тој пат, да одиме кон Европската Унија, како што посочи Меџити, немаме друг пат, „мора ова да се направи еднаш засекогаш здравствено да функционира како што треба, вели тој.
Во 2006 година, откако ВМРО-ДПМНЕ дојде на власт, направија реформа со која скопскиот Клинички центар беше поделен на 32 клиники, кои имаат 56 директори и 142 члена на управните одбори. Според системот на врзани потписи, тие требаше да направат ефикасни реформи во здравството, а во исто време да ја зголемат контролата на работењето.
Во моментов има 15 економски директори, половина од нив се кадри на ДУИ и додека болниците кубурат со здравствени работници, бидејќи немаат пари за вработување, еден економски директор месечно зема плата во висина од околу 1.800 евра плата. Дел од медиумите пишуваа дека тому овие кадри од ДУИ, за кои партијата инсистирала да останат на своите работни места, ја кочеле идејата за укинување на економските директори а со тоа и носењето на измените на Законот за здравствена заштита.