Избор на уредникотФото

„Ме силуваа“: Манекенка ги обвинила шефовите на модната агенција дека ја принудувале на проституција

Холандската манекенка Карен Мулдер беше суперѕвезда во светот на модата, а потоа нејзината кариера тргна надолу откако ги обвини шефовите на модната агенција за силување и принудување на проституција. Се прослави како тинејџерка, кога учествуваше на престижниот натпревар „Elite Model Arch“, а го напушти средното училиште и се посвети на модната кариера.

 

Во деведесеттите таа носеше ревии за најголемите модни куќи како Валентино, Келвин Клајн, Армани, Версаче и Ив Сен Лорен. Таа потпишала милионски договор со брендот „Гес“ кога имала само 21 година. Таа беше и ангел на Викторија, а на врвот на кариерата можеше да се пофали дека постоела кукла барби со нејзина сличност.
Во кариерата заработила дури 40 милиони долари.

Сепак, сè пропаднало во 2001 година, кога таа упатила сериозни обвинувања против шефот на модната агенција Elite. Таа тврдела дека била силувана и дека заедно со другите модели на агенцијата ја користеле како проститутка за највисоките кругови на француското општество, во кои имало политичари, припадници на полицијата и други високи функционери. Таа ги обвинила дека ја поттикнувале да зема кокаин и хероин.
Таа исто така тврдела дека била силувана од нејзиниот татко и дека семеен пријател сексуално ја злоставувал кога имала само две години.

Во едно од интервјуата што ги дала, таа изјавила дека била хипнотизирана, киднапирана и силувана, а интервјуто било толку шокантно што телевизиската куќа што го направила ја уништила лентата и никогаш не ја емитувала.
Карен Мулдер продолжила да ги повторува обвинувањата во подоцнежните интервјуа, а го обвинила и принцот Алберт, со кој во еден момент била во врска, дека е еден од луѓето кои ја силувале.
„Се обидоа да ме претворат во проститутка, мислејќи дека ќе биде лесно. Ги пријавив и ме избркаа. Друг пат цел ден бев затворена во канцеларија со човек кој е високо позициониран во светот на манекенството. Сите луѓе кои ме предадоа некогаш ги сакав и ценев. Тогаш сфатив за каков заговор се работи. Владините службеници и полицијата ги искористуваа девојките од Elite. Нивните луѓе се обидоа да ме киднапираат и отрујат“, изјавила еднаш Карен Мулдер за Daily Mail.

После тие обвинувања, нејзините родители ја прекинале врската со неа, а сестра и ја однела во психијатриска установа каде пет месеци се лечела од депресија. Интересно е што трошоците за лекување ги платил еден од мажите кои таа ги обвинила за силување, директорот на париското здружение на Elite, Џералд Мари.
„Кокаинот ја уништи. Кога ја посетивме во Париз, видовме дека е скршена. Насекаде имаше тетратки полни со нејзините извртени мисли и луди идеи. Обвинуваше се и секого. Беше страшно да се чита. Мораше да остане во болница затоа што беше опасна за себе. Не помогна тоа што никогаш не јадеше правилно. Уште како дете млекото што требаше да го пие со оброкот го фрлаше во растенијата“, тврдел таткото на Карен, Бен.

Карен се обидела да си го одземе животот во декември 2002 година а пријателите ја спасиле. Подоцна ги повлекла повеќето од обвинувањата што ги упатила, само тврдела дека била сексуално злоставувана како дете, поради што сега се бори со депресија.
После сето тоа таа се повлекла од јавноста, а последен пат во јавноста била видена во 2014 година во Париз.

Фото: Принтскрин/Instagram

Поврзани вести

Back to top button