Македонија

Маж за документи и работа во европска земја платил 8.000 евра, не добил ништо

– 28-годишниот Џ. Ќ. од гостиварско село, вчера ,во 15 часот, во СВР Тетово пријавил дека едно лице со кое електронски комуницирал и кое му се претставило дека е од Гостивар му ветило дека нему и на уште две други лица ќе им обезбеди документи за престој и работа во европска земја и дека за таа услуга му побарало и добило 8.000 евра,информираат од МВР.

Но, по извесно време услугата не била извршена и тој сфатил дека е измамен.

Полицијата соопшти дека се расчистува случајот.

Поврзани вести

Back to top button