Свет
Маж во џамија велел дека ќе се разнесе, па го претепале
Верниците во централната џамија во Адана пред 5 дена нападнале маж кој повикувал дека ќе се разнесе.
Зад инцидентот стои маж кого полицијата го идентификувала како 33-годишниот Мехмет Киличарслан од Дијарбакир.
Тој за време на молитвата во петокот во централната џамија во Адана го земал микрофонот од имамот и повикал – “ќе се разнесам”, пренесува весникот Hurriyet.
Присутните верници веднаш реагирале и почнале да го тепаат мажот. Полицијата која присуствувала на намазот го прекинала линчот со употреба на солзавец, а напаѓачот бил уапсен.
Џамијата подоцна била евакуирана поради сомнение за бомба, а молитвата била прекината. Мажот носел појас со барут и метални топчиња.
Полицијата кажала дека тој сам ја направил аматерската бомба и дека направата можела да го повреди само него и оние во непосредна близина, во случај да успеел да ја детонира.