Избор на уредникотСвет
Маж се обидел да силува жена, таа му го одгризала јазикот и како доказ го предала на полицијата
Маж се обидел да силува жена во Франција. Таа му го одгризала јазикот на напаѓачот и како доказ го предала на полицијата.
57-годишната жена го шетала своето куче во Авињон, Франција, во 4 часот наутро на 19 февруари кога маж почнал да ја следи. Тој наводно ѝ пришол, се обидел насилно да ја прегрне и бакне, а притоа ѝ ја турнал раката во нејзините панталони. За време на тепачката жената му го одгризала јазикот на насилникот и побегнала дома. Потоа, во придружба на синот, донела парче јазик во локалната полициска станица.
Полицијата набргу го уапсила мажот, кој по потекло е од Тунис и живее илегално во Франција. Наводно изјавил дека жената го нападнала.
Ќе следува неговото судење и тој мора да ја напушти Франција.