Македонија

Mаж се обидел да проголта дрога кога го уапсиле

Уапсен охриѓанец кој при полициска контрола се обидел да проголта дрога. 

На 22.09.2022 во 17.30 часот, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид и Секторот за недозволена трговија со дрога при МВР го лишиле од слобода В.Ш.(30) од Охрид. Претходно, тој бил забележан во патничко возило „алфа ромео“ со охридски регистарски ознаки на ул.„Сатеска“ во Охрид и при извршена контрола се обидел да проголта пакување со бела прашкаста материја, која му била одземена, соопшти полицијата. 

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. 

Поврзани вести

Back to top button