Избор на уредникот

Маск објави видео од автомобилот Тесла што зборува со минувачите (ВИДЕО)

Од кога постојат, автомобилите не можат да комуницираат директно со пешаците и минувачите, освен ако не се исклучи можноста за трубење во момент кога пешак е попречен на патот.

Но, тоа може да се промени ако веруваме во она што го пишува изумителот на Тесла, Илон Маск на својот профил на Твитер.

„Автомобилите на „Тесла“ наскоро ќе можат да комуницираат со луѓето“, објави на твитот претприемачот, објавувајќи видео на Моделот 3 како им се обраќаат на минувачите преку надворешни звучници.

„Па, немој само да стоиш таму и да зјапаш. Ајде внатре!“ „вели“ автомобилот во објавата дека автомобилите Тесла во иднина ќе може да се користат како самостојни такси возила.

Компанијата е позната по надградба на софтвер кој обезбедува дополнителна функционалност на автомобилите „Tесла“.

Сепак, сè уште не е познато кои модели на „Тесла“ се веќе опремени со надворешните звучници потребни за извршување на таквата функција.

Поврзани вести

Back to top button