Живот

Марк Закерберг и сопругата објавија среќна вест: Парот очекува трето дете, откриен и полот

Соосновачот на Фејсбук и еден од најбогатите луѓе на светот, Марк Закерберг, и сопругата Присила Чен, чекаат трето дете – девојче.

Среќната вест Марк ја сподели со своите следбеници на социјалните мрежи.

„Драго ми е што можам да кажам дека нашите ќерки Макс и Август следната година ќе добијат сестричка“.

За потсетување, Марк и Присила се запознале во 2003 година на забава на универзитетот Харвард. Парот се вери во 2011 година по 8 години врска.

Венчавката се одржала во присуство на најблиските пријатели, а за да остане целосно во тајност парот не заминал ниту на меден месец. Но, поради тоа Марк ѝ ветил на Присила дека ќе имаат по еден меден месец секоја година.

Првото дете го добија во 2015 година кога и открија дека се обидувале да станат родители дури 7 години. Присила пред тоа имала 3 спонтани абортуси.

Поврзани вести

Види и...
Close
Back to top button