Свет

Марија е третата жртва на дрога во последните неколку дена – пронајдена мртва во станот

Шеснаесетгодишната Марија М. од Крагуевац е третата жртва на дрога за само неколку денови.

Тинејџерката заедно со нејзиниот постар брат била кај нивниот другар во Шумарица, кога таа во телото внела смртоносна доза на дрога. Таа е официјално трета жртва на дрога меѓу тинејџерите, откако 17-годишниот Јован Пауновиќ од Белград и Н.С. од Бачка Паланка починаа од прекумерна доза на дрога.

Според првите резултати од истрагата, кои сѐ уште не се потврдени постои сомнение дека девојката починала од прекумерна доза на наркотични супстанци во телото.

Полицијата се сомнева дека станува збор за предозирање од некои синтетички дроги и тоа во преголема доза, од кои заспала и веќе не се разбудила.

Марија завршила трета година за машински техничар во Политехничка школо.

Поврзани вести

Back to top button