Избор на уредникотМакедонија
Малолетник претепан и прободен со нож во Скопје
Малолетник прво бил претепан, a потоа избоден од едно лице во Скопје. Немилиот настан се случил околу 13.00 часот, при што детето е итно донесено на лекување во Градската општа болница „8 Септември“.
– На 04.04.2023 околу 13:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Градска општа болница „8 Септември“ со тешки телесни повреди бил донесен малолетник од с.Шишево, скопско. Според пријавеното, тој бил физички нападнат од едно лице, кое употребило и остар предмет, информираат од МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, додаваат оттаму.