Избор на уредникотМакедонија

Малолетник од Скопје го силувал помалиот брат

Од Министерството за внатрешни работи информираа дека малолетник од Скопје е осомничен дека извршил обљуба над неговиот малолетен брат, но и врз уште едно малолетно дете.

„Полицијата извршила разговор со него, а ќе има и соодветна пријава“, информираа од МВР.

Инаку малолетничка од Кавадарци пријавила дека роднина извршил обљуба врз неа, информираа денеска од СВР Велес.

„Завчера околу 15.45 часот во ОВР Кавадарци, малолетничка од Кавадарци пријавила дека нејзин роднина А.М.(25) од Велес, кој бил пуштен на викенд од Казнено – поправната установа Затвор Идризово, каде издржувал затворска казна, извршил обљуба врз неа. А.М. бил спроведен во Казнено – поправната установа Затвор Идризово, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, известуваат од СВР Велес.

Поврзани вести

Back to top button