Мало момче му пее песна на братчето со Даунов синдром (ВИДЕО)
Неодоливо видео од две братчиња стана хит на социјалните мрежи. Нема поискрена љубов од љубовта на децата. Сите видеа во кои главна улога имаат бебиња и мали деца се неодоливи.
Во видеото, малиот Рајс го држи в раце своето братче со Даунов синдром и му ја пее песната „10.000 Hours“ . Тој сметал дека е песна за нив двајца.
Видеозаписот го сподели мајката на момчињата и напиша:
„Вака се поврзува Рејс со Трип. Му пее цело време. Тој се заколна дека оваа песна е за него и неговиот брат. Тој пее: „Поминав 10 000 часа, и 10 000 повеќе ако тоа е потребно за да го научам твоето слатко срце. “Љубовта не ги брои хромозомите, или како што вели Рејс:„ Зарем не сме сите различни? “ – напиша Никол, која е мајка на 5 деца.
„Трип не е ни свесен колку голема разлика веќе прави во светот“ – додала таа откако видеото стана вирален хит.