Македоците повторно ќе можат да работат на најголемите светски бродови – плата од 1.200 до 4.500 долари
МАКЕДОНИЈА ПОВТОРНО НА БЕЛАТА ЛИСТА ЗА ВРАБОТУВАЊЕ
МАКЕДОНСКИТЕ МОРНАРИ СЕ ВРАЌААТ НА НАЈГОЛЕМИТЕ БРОДОВИ НА СВЕТОТ
Деновиве повторно се отворија вратите за Македонските морнари. По 4 годишна забрана за вработување на Македонци за работа на најголемите бродови на светот, кои пловат под името на компанијата ROYAL CARIBBEAN CRUISE LINE, забраната е одстранета преку континуирано и максимално ангажирање на агенцијата „Коузон“ од Скопје.
Повеќе од 20 години, оваа бродска компанија вработуваше Македонци и тоа на различни работни позици. Самите вработувања придонесоа многу Mакедонци за прв пат да запловат во интернационални води и Македонија индиректно да биде ставена на светската морепловечка карта.
Вработувањата на бродските компании се значајни за македонската заедница од причина што истите се голема можност за еден дел од младите од Македонија да се стекнат со квалификации од областа на угостителството и туризмот, но и значајно да заработат. Платите на оваа компанија се доста атрактивни и се движат од 1.200 до 4.500 Американски долари на месец.
Од Агенцијата „Коузон “ која е главен представник за вработување на брод за сите Балкански држави , најавуваат можност за вработувањеод најмалку 500 Македонци на годишно ниво .