Македонските политичари 30 години за сопствен интерес дозволуваат понижување на македонскиот народ, знаме од терористичката УЧК на влезот од тетовското Кале, на црквата пак, албанско знаме
Тетовската полиција во координација со јавен обвинител презема мерки за откривање на сторителите кои поставиле знаме на Албанија на куполата на црквата „Свети Атанасиј“ на тетовското Кале и знаме на терористичката УЧК на бандера на влезот на Калето, велат од Секторот за внатрешни работи Тетово.
Случајот, како што информираат оттаму, бил пријавен вчера попладне околу 17:30 часот од страна на црковниот одбор при храмот „Свети Атанасиј“. На местото веднаш била испратена полициска екипа која извршила комплетен увид и работи на целосно документирање и расчистување на случајот.
„Уште во текот на вчерашниот ден во вечерните часови двете знамиња се отстранети, односно симнати. Во координација со јавен обвинител работиме на откривање на тие што ги поставиле и причините зошто ги поставиле“, велат од СВР Тетово за „360 степени“.
На крајот на ноември лани во Тетовско, конкретно на Попова Шапка се случи сличен инцидент. Тогаш две маскирани лица го симнаа знамето на Македонската православна црква – Охридска архиеписопија (МПЦ-ОА) од јарболот во дворот на манастирскиот комплекс „Свети Наум Чудотворец“ на Попова Шапка и на негово место го поставија знамето на Албанија. Сличен инцидент се случи и кон крајот на ноември, минатата година, кога беше симнато знамето на македонската православна црква-Охридска архиепископија, од јарболот во дворот на манастирот „Свети Наум охридски-чудотворец“ на Попова Шапка.
Сличен инцидент се случи и кон крајот на ноември, минатата година, кога беше симнато знамето на македонската православна црква-Охридска архиепископија, од јарболот во дворот на манастирот „Свети Наум охридски-чудотворец“ на Попова Шапка.
Знамето беше фрлено, а на негово место беше ставено, знамето на Албанија. Тетовската полиција тогаш брзо реагираше и за смо неколку часови го приведе сторителот, 33 –годишник од Мала Речица. Јавноста не беше известена кава казна на хулиганот му одредија македонските судии.