Избор на уредникотМакедонија

Македонскиот заменик министер за внатрешни работи, потрошил 20 илјади евра за престој во хотел, од кабинетот велат бил приватно (ВИДЕО)

Македонскиот министер Назим Буши во актуелната влада според пишувањата на Телевизија Ора потрошил дури 20 илјади евра за престој во претседателски апартман во хотел во Иснабул.

Како што пишува oranews.tv, Заменик министерот за внатрешни работи на Македонија, Назим Буши потрошил дури 20.000 евра од ноќ во хотел во Истанбул.

– Скандалите на владини членови ги преминуваат границите. Со месечна плата од само 1.500 евра, заменик министерот за внатрешни работи на Македонија, Назим Буши, спие во хотел кој чини 20.000 евра од ноќевање во Турција. Кој му ја платил за престојот во претседателскиот апартман во хотел во Истанбул, додека на видеото се гледа и неговиот син во друштво на две девојки. Поконкретно, заменик министерот за внатрешни работи, Назим Буши, престојуваше една ноќ во претседателскиот апартман на „CVK Park Bosphorus Hotel“ во Истанбул. За тоа сведочи видеото направено од Буши во просториите на претседателскиот апартман, кој зафаќа 850 метри – пишува ТВ Ора во својата анализа.

Според нивното пишување, на видеото јасно се гледа дека заменик министерот ги снима ентериерите на луксузниот апартман.

– Во друг момент на видеото се гледа синот на заменик министерот Ќерим Буши во друштво на две девојки. Едноставно пребарување на Букинг ни покажа дека ноќевање во претседателскиот апартман е 20 илјади евра. Нормално, се поставуваат некои прашања: Може ли Буши да плати 20.000 евра за ноќевање во хотел, знаејќи дека има месечна плата од околу 1.500 евра? Дали резервацијата на претседателскиот апартман ја направил самиот заменик министер за внатрешни работи или турски државјанин? Со кое лице го направил престојот во Истанбул во октомври 2020 година? – прашуваат новинарите во написот.

Заменик министерот за внатрешни работи во Истанбул бил приватно и патувањето не го платило Министерството за внатрешни работи, велат за „Фокус“ од Кабинетот на Назим Буши.

Од кабинетот објаснуваат дека станува збор за приватно патување во Истанбул на заменик министерот Назим Буши реализирано есента 2020 година во медицински цели за член на семејството, во врска со интервенција закажана неколку месеци пред назначувањето на г.Буши како заменик министер.

Притоа, напоменуваме дека лицата за време на престојот биле гости на пријател на семејството кој се погрижил околу нивното сместување.

Од Министерството се децидни дека патувањето не го платило МВР.

Албанската телевизија Ора објави дека Буши престојувал во хотел во Истанбул каде едно ноќевање чини 20 илјади евра.

Видеото можете да го гледате на следниов линк.

Фото: Принтскрин/Јутуб

Поврзани вести

Back to top button