Избор на уредникотМакедонијаТоп

Македонија земја на апсурди, Возот Скопје- Битола без греење, директорите на Македонски железници земаат над илјада евра плата

Возот кој утринава околу седум часот тргнал од Скопје кон Битола, на минусни температури немал греење, па патниците премрзнати стигнале дома. Сепак ако е за утеха кога станува збор за Македонски железници ова не е најлоша ситуација, бидејќи овој воз премногу често е во дефект, па патниците од Скопје до Битола патуваат и по 12 часа.

Но ако возовите и железничкиот сообраќај ни е како од 19 век дури и полош платите на директорите во Железница се европски.

Пред некој месец од политичката партија ВМРО-ДПМНЕ излегоа со соопштение во кое ги обзнанија платите на директорите во Македонски железници.

– Возот Скопје – Битола патува 10 часа, линиите кон Кичево и Кочани се укинати, железниците се во кома, ама битно џебовите на директорите се полнат со дебели плати во време на криза.

Железниците пропаѓаат и трупаат загуби, ама битно директорите именувани од СДС и ДУИ земаат над илјада евра месечна плата, без додатоци.

·Саша Јовановски, директор на патнички сообраќај член на Управен одбор на МЖ транспорт АД – Скопје, со плата над 70.000 денари.

·Милчо Смилевски, директор на товарен сообраќај и член на Управниот одбор на МЖ, со плата над 72.000 денари.

– Брахим Ајваз, директор на маркетинг и продажба и член на Управен одбор на Железници, плата над 72.000 денари.

– Сашко Ангеловски, директор за влеча и одржување на возни средства и член на Управен одбор на Железници, плата над 70.000 денари.

– Шенур Османи, директор за финансиски и економски работи и член на УО на Железници, плата над 70.000 денари.

– Местото директор за правни работи и човечки ресурси и секако член на УО, во моментов е испразнето, а е позиција, со плата над 70.000 денари.

– И секако на крај, Мајан Вејсели, Генерален Директор и Претседател на Управниот Одбор на Железници, со плата околу 75.000 денари.

Згора на ова ангажирале и 5 советници со мрсни хонорари од 1.000 евра. Ако се соберат вкупните средства годишно овој менаџерски тим ја чини Македонија над 10 милиони денари или за еден мандат неверојатни 650 илјади евра! Само за потсетување овие скапо платени менаџери водат компанија загубар со минус од неколку милиони евра, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани вести

Back to top button