МакедонијаТоп

Македонец украл 200 килограми кокаин од Звицер, луѓе од неговиот клан тргнале да го киднапираат или убијат

Во голема акција на хрватската полиција која што се одвиваше деновиве во Хрватска, според медиумите од таа земја, е поврзана со ковачкиот клан, односно неговиот водач Радој Звицер и со исчезнувањето на 200 килограми кокаин, што беше украден во Загреб минатата пролет, пишува српски Курир.

Според информациите, на хрватските медиуми уапсените на подрачјето на Загреб и Риека наводно се членови на тој клан кои се преметувале меѓусебно поради кражбата на кокаинот. Поточно Македонски државјанин (58) украл повеќе од 200 килограми кокаин од други партнери, односно од самиот Звицер и затоа имало обид за негово киднапирање.

Да потсетиме, минатата година од магацин од околината на Загреб беше украдена пратка од 200 килограми кокаин. Како што пишуваа тогаш хрватските медиуми, дрогата била во транзит, односно тајно влегла во Хрватска и била наменета за пазарот на западноевропските земји.

– Кражбата на кокаин од голема вредност резултираше со многу брза и агресивна реакција на нарко кланот, кој испрати свои луѓе во Хрватска да утврдат кој ја украл дрогата и да се обидат да ја вратат и да ги „казнат“ виновниците. Таа „истрага“ на нарко картелот наводно веќе резултирала со неколку кривични дела во Хрватска. Наводно, имало киднапирање и претепување на лице кое се сметало за одговорно за исчезнувањето на дрогата, како и обид за киднапирање на соработникот на тоа лице, како и насилен обид за враќање на дел од украдената дрога, пишуваа медиумите тогаш.

Откриле дека по кражбата во Хрватска дошле голем број лица од безбедносен интерес со лажни идентитети и дека полицијата ги уапсила за дрога и оружје во навидум неповрзани дејствија.

– Уште тогаш се посомневаше дека некои од лицата се испратени во Хрватска „на задача“ од наркобосот Радоје Звицер, односно токму за да се одмаздат за исчезнувањето на дрогата или да се обидат да ја најдат и да ја вратат на сопственик, велат полициски извори за хрватските медиуми.

Но, Македонецот набрзо бил уапсен со уште неколку соработници, а хрватската полиција од 200 украдени пронашла 125 килограми кокаин, закопани во буриња на неколку локации во близина на Загреб.

Да потсетиме, исчезнувањето на истото количество дрога во Валенсија во 2014 година доведе до најпознатата војна на криминалните кланови, односно Кавачкиот и Шкалјарскиот, која досега однесе над 60 животи ширум светот.

Поврзани вести

Back to top button